Генијално! Три правила на ФЕНГ ШУИ за подобар СЕКС

Кинеската филозофија за просторно планирање не запира со изненадувања …
Атмосферата во спалната соба директно има големо влијание врз љубовта и сексуалниот живот. Ви откриваме три фенг шуи трикови, кои би можеле да ви помогнат да го доведете вашиот интимен живот на сосема поинакво ниво.

1. Осветлување
Стриптизетите и танчерите во клубовите речиси секогаш изгледаат пожелно. Но, не е секогаш случај тие да имаат совршено тело. Тајната е во осветлувањето. Свеќи и помали светилки ќе фрлат нежно осветлување на стратешките места кога во спалната соба ќе има страст.

2. Топли бои
Топлите и земјени бои го отвораат срцето и воспоставуваат емоционална врска. Затоа во спалната соба фенг шуи, користете бои како црвена, портокалова, жолта, златна и беж за постелнина. Ако не можете да се одвоите од снежно-белата постелнина, користете топли бои за дополнителни елементи во спалната соба, како што се прекривки или украсни перничиња. Ладните бои како сината и зелената можат да ги оладат страстите и чувствата.

3. Пријатно на допир
Тепих од вештачко крзно, кадифена перница или сатенска постелнина се богати материјали што се пријатни на допир. Нежноста на материјалот ќе ги преземе вашите чувства и ќе ви помогне да заборавите на напорниот ден што може да се претвори во многу пријатна вечер.